Насловна / Вести / Португалија пример за енергетска транзиција – добива 60 отсто од енергијата од обновливи извори

Португалија пример за енергетска транзиција – добива 60 отсто од енергијата од обновливи извори

Португалија е добар пример за успешна енергетска транзиција. Од обновливи извори веќе добиваат 60 отсто од енергијата, а за две години тоа ќе биде 80 отсто. Пред година и пол престанаа да произведуваат струја од јаглен и ја затворија последната термоцентрала. Но, некои сепак заработуваат пари.

п1

Делови од агрегати и системи на старите термоелектрани на јаглен се експонати на платото на седиштето на компанијата „Енергија Португалија“ (ЕДП), најголемиот производител на електрична енергија во земјата. Тие наскоро ќе бидат преместени на дното на океанот, каде што ќе бидат постојана поставка отворена за нуркачите. И најстарата термоелектрана е меѓу најголемите туристички атракции на Лисабон.

п2

Музејот на уметност, архитектура и технологија е меѓународна институција која се простира на 38.000 квадратни метри. Oваа зграда е поранешна термоцентрала на јаглен изградена во 1908 година.

p4

Побрзото откажување од јаглен на Португалија и е овозможено поради поволната географска положба и клима: имаат воден потенцијал, 300 сончеви денови и ветер кој постојано дува од Атлантикот. Но, посочуваат дека земјата постапила мудро бидејќи влегла во енергетската транзиција уште пред две децении, што им ја ублажило актуелната енергетска криза.

„Сега сме многу понезависни. Поради климатските промени, имаме стратегија за инвестирање и комбинираме различни технологии во производството на зелена енергија. Клучот е да се обезбеди сигурност на испораките, но и индустријата да има чиста, доверлива и ценовно конкурентна енергија“, изјави Ана Фонтора Говеја, државен секретар за енергетика и клима во Владата на Португалија.

p3

На бреговите на реката Тежо се терминалите за течен гас. А компанијата „Енергија Португалија“ (ЕДП) на вештачко езеро ја има најголемата пловечка соларна централа во Европа, обезбедуваат 49 отсто од електричната енергија од ветер и 36 отсто од хидроцентрали. Само тие во следните три години ќе инвестираат 25 милијарди евра во зелени мегавати.

„Во енергетската транзиција треба да ги вклучат сите, да се електрифицира греењето и транспортот, вклучително и употребата на водород и синтетички горива во поморскиот и воздушниот сообраќај и да се унапреди енергетската ефикасност. ЕДП е дел од тие промени и целта е двојно да го зголемиме капацитетот на обновливите извори на енергија. “, вели Антонио Кутињо, директор за иновации во ЕДП.

Испрати коментар

Scroll To Top