Насловна / Арт и дизајн / „Портрети на живи градови“ на Демијан Хирст во Сао Паоло

„Портрети на живи градови“ на Демијан Хирст во Сао Паоло

demijan hirst (4)

Галеријата White Cube отвора во Сао Паоло изложба насловена Black Scalpel Cityscapes, на која се претставени новите дела на Демијан Хирст, кои дефинитивно не се она што се чини на прв поглед.

Уметникот ги нарекува своите нови дела „портрети на живи градови”, и само еден поглед на нив одблизу открива дека тоа се сателитски снимки на градовите, кои се составени од различни медицински материјали, како што се скалпели, игли, ножеви, додатоци направени од неʼрѓосувачки челик и слично.

demijan hirst

Сан Франциско

Изложбата Black Scalpel Cityscapes е резултат на  размислувањата на Хирст на тема глобализација, урбанизација и модерно војување во кое честопати се слуша поимот „хируршко бомбардирање“, кое се однесува на специфични таргетирања на ограничена област.

Тој одбрал 17 клучни градови за кои верува дека се места на конфликт во која било смисла, а тоа се Вашингтон, Ватикан, Москва, Пекинг, Лондон, Багдад, Париз и други презентирани во сосема ново, општествено ангажирано светло.

demijan hirst (2)

Вашингтон

Мотивот мапа се обраќа на новите медиуми, вклучувајќи го и „Гугл“, чие мапирање на градови донесува како голема корист така и оштетување во форма на сигурно исчезнување на приватноста или можноста за останување во „сенка“.

demijan hirst (3)

Сао Паоло

Испрати коментар

Scroll To Top