Утре (9 октомври), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба на авторот Агрон Абдули.
Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала, кое шири светло на човековата природа и во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства.
Многу нешта може да претстави портретот, бидејќи во поголемиот број на случаи модулацијата на човековиот лик пред нас може да се претстави како целосен универзум.
Кустос на изложбата е Горанчо Ѓоргиевски. Изложбата ќе биде поставена до 24 октомври 2015 година.