Насловна / Архитектура / Портокалова патека на MVRDV долга 600 метри ги премостува крововите на Ротердам

Портокалова патека на MVRDV долга 600 метри ги премостува крововите на Ротердам

MVRDV го отвори Rotterdam Rooftop Walk, привремена портокалова кровна инсталација во Ротердам.

Rotterdam Rooftop Walk е привремена инсталација за пешачење која се протега долж Светскиот трговски центар во Ротердам и создава мост до градската стоковна куќа Bijenkorf.

2_resize

Инсталацијата долга 600 метри ја изградила градежната компанија за скелиња Dutch Steigers во рамки на Rotterdam Rooftop Days, фестивал кој создава нови простори за да им даде шанса на посетителите да се прошетаат по крововите на градот и да откријат неколку изложби на покривите.

Почнувајќи од Светскиот трговски центар во Ротердам, портокаловата патека на MVRDV се протега горе и околу основата на деловната зграда и преку нејзината кровна линија.

1_resize

Структурата на патеката е носена од систем на скелиња што се крева и спушта преку топографијата на крововите на зградите.

Голем број изложби и инсталации организирани на крововите имаат за цел да ја истакнат и да ја зголемат свеста за можноста на искористување на просторите на крововите, особено за растителен свет, складирање вода и производство на храна и енергија.

4_resize

Од Ротердамскиот светскиот трговски центар, инсталацијата Rotterdam Rooftop Walk премостува два крова 30 метри над Coolsingel, една од најпознатите улици во градот.

По преминувањето преку Coolsingel, патеката долга 600 метри ги води посетителите до кровот на стоковната куќа, кој на сличен начин е украсен со инсталации и изложби од неколку уметници, архитекти и дизајнери.

3_resize

„Во 2016 година, за прославата на 75 години од обновата на Ротердам, ги проектиравме скалите до Kriterion, кои привлекоа речиси 370.000 посетители“, изјави за Dezeen основачот на MVRDV, Winy Maas.

„Тогаш се роди идејата дека би било добро да се направи продолжение на проектот“, додава.

5_resize

„Не треба само да ги завземеме нашите кровови и да ги направиме позелени, туку и да ги поврземе за да можеме на Ротердамерите да им понудиме нов парк на кровот“, продолжува Мааѕ. „Портокаловиот тепих и премостувањето на Coolsingel се убав почетен тест“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top