Насловна / Вести / Портфолиото на енергијата од ветер во Турција зголемено за нови 687 MW во 2019 година

Портфолиото на енергијата од ветер во Турција зголемено за нови 687 MW во 2019 година

Според турскиот статистички извештај за енергијата од ветерот, вкупниот инсталиран капацитет на 198-те активни ветерни централи во земјата достигнала инсталирана моќност од  8,056 MW на крајот од 2019 година. Извештајот бил објавен од страна на турската асоцијација за ветерна енергија  (TUREB).  Во 2019 година, Турција додала 687 MW инсталиран капацитет во ветерни централи, што е зголемување од  9.32% во однос на  2018.  Во проценти, ова е второ најлошо постигнување од 2006 година, но во однос на инсталираната моќност само четири години се забележани со подобри резултати. Просечниот удел на ветерната енергија во енергетскиот микс во Турција во 2019 година бил 7.42%.  Според извештајот, Турција има 25 ветерни фарми кои во моментов се во фаза на изградба, чија вкупна инсталирана моќност изнесува 1,309 MW. Вкупниот ветерен потенцијал во Турција се проценува на 48,000 MW. “Енергетскиот сектор во Турција е еден од трите водечки еконосмки сектори, кој обезбедува значителен раст. Во тој контекст енергијата од ветерот покажува најзначителен раст“ се вели во извештајот на TUREB.

tureb1

tureb2

Испрати коментар

Scroll To Top