Автомобилските брендови како што се Aston Martin, Bentley и Bugatti, веќе запловија во светот ан архитектурата, креирајќи импозантни згради инспирирани од автомобислиот дизајн. Сега, компанијата Porsche Design го претстави својот најнов проект – Porsche Design Tower Bangkok,зграда која комбинира врвен луксуз и страст кон автомобилите. Оваа ексклузивна кула во срцето на тајландската престолнина, ќе биде дом за 22 луксузни резиденции, со цени кои одат до 40 милиони долари. Зградата ќе биде висока 95 метри, ќе има 21 кат, а проектирана е во соработка со компанијата Ananda Development.
Иако не се работи за облакодер со импресивни размери, како што е на пример Mercedes-Benz Place во Дубаи, Porsche Design Tower Bangkok секако носи иновативен спој на автомобилскиот дизајн и урбаниот луксуз. Фасадата е инспирирана од механизмот на покривот на Porsche 911 Targa и има автоматска балконска врата, додека осветлувањето на врвот на зградата ќе потсетува на светлосните елементи на спортските автомобили на овој бренд. Една од клучните карактеристики на оваа зграда се посебните гаражи наменети за колекционерите на автомобили. Секоја од 22-т резиденции ќе има свој Passion Space – простор во кој сопсвениците ќе можат да ги чуваат, одржуваат и изложуваат своите автомобилски миленици. Овие гаражи се проектирани и како места за социјални собирања, овозможувајќи им на сопствениците да ја комбинираат својата љубов кон автомобилите со луксузниот начин на живот.
Интересно е дека зградата ќе користи спрална автомобилска рампа, позната како The Loop, која ќе го овозможува пристапот до гаражите. Овој систем е попрактичен од оној кој е користен за Porsche Design Tower во Мајами, каде за транспорт ан автомобилите е користен посебен лифт. Луксузните резиденции, наречени Sky Villas, ќе се простираат на површина до 1.135 квадратни метри, што ги прави исклучително пространи и ексклузивни. Цените на овие станови се движат од 15 до 40 милиони долари. Покрај раскошно опремените ентериери, сопствениците ќе уживаат во бројни погодности, како што се базен, фитнес центар, деловен салон и сл. Изградбата на Porsche Design Tower Bangkok, би требало да започне следната година, а завршетокот се очекува во 2028 година. Овој проект уште еднаш потврдува дека автомобилските брендови не нудат само возила со високи перформанси, туку создаваат и луксузни објекти со врвен комфор, но и платформа за колекционерите на автомобили.