Дизајнерите на модерната ера, на кои им се на располагање голем број на техники и материјали, имаат сè што треба за да создаваат токму она што го замислиле.
И покрај достапноста на различни техники и материјали, алатки и процеси, некои дизајнери се одлучиле да изберат да работат со само еден материјал кој го преферираат, за да ги откријат сите опции и максимално да ги искористат. За дизајнерката Габриела Лиеви, порцеланот е материјал кој е избран поради својата еластичност и подвижност.
Таа има свое студио immerLit основано пред четири години, а во рамките на студиото, авторката креира прекрасни парчиња функционална уметност кои се комбинираат со квалитетна изработка, модерна технологија и функционално скулптурален дизајн во форма на светкави порцелански парчиња на осветлување.
Поради природата на порцеланската глина, Габриела Лиеви може да истражува безброј начини на употреба и креирање на игра помеѓу порцеланот, транспарентноста и извори на светлината. Нејзината актуелна колекција вклучува лампи, лустери и свеќници, кои креираат нежен и бајковит сјај во секој простор.