Минатата година, 30 најголеми термоцентрали во Германија ја зголемиле својата емисија на CO2 за 4,6%, достигнувајќи ја бројката од 239 милиони тони стакленички гасови. Ова го покажува истражувањето спроведено од германскиот Oeko-Institut, кој патем сериозно ги критикува ниските цени на дозволите за емисија.
Ниските цени на овие дозволи ги поттикнуваат енергетските компании да го користат јагленот како енергент. Според податоците на институтот, една нова термоцентрала на лигнит сопственост на Vattenfall е на врвот на листата на најголемите загадувачи, заедно со уште две термоцентрали сопственост на RWE.