Немирите во Казахстан, во кој се наоѓаат 40% од светските залихи на ураниум, ја подигнаа цената на светските пазари за речиси 8%, јавува Bloomberg. Претходно е објавено дека поради немирите во таа земја, акциите на казахстанската компанија „Казатопром“ која се занимава со експлоатација на природен ураниум, на Лондонската берза паднале за 8,8%. Во меѓувреме се огласила и оваа компанија, истакнувајќи дека работи нормално и дека ситуацијата не влијае на производството ниту на извозот на ураниумот. Но, и покрај фактот дека засега не постои недостаток на залихите на ураниум, играчите на пазарот поаѓаат од фактот дека за тоа постојат предуслови.