Јазикот на локалната архитектура и минималистичкиот концепт го поттикнале дизајнот на ентериерот на овој дом на реката Big Wood, сместен јужно од Sun Valley, Ајдахо, САД.
Домот се состои од два едноставни облика кои користат практични градежни форми. Поранешна двокатна класична штала е стилизирана за дневните простории, додека гаражата, оставите и терасата ја превземаат предноста на ниските градби на ранчот.
Овој рустикален дом проект на бирот De Reus Architects од Ајдахо со модерен призвук се состои од дневна соба, кујна и главен апартман сместени на приземје, додека собата за одмор заедно со големите спални соби се наоѓаат на вториот кат.
Централниот дизајн на ентериерот го карактеризира голем прозорец кој го осветлува источниот влез и скалите. Овој дел е дизајниран да изгледа како топол фенер за добредојде во темните ноќи. Истовремено, големите прозорци на западниот ѕид овозможуваат поглед на зајдисонцето и задниот дел на парцелата.
Внатрешната атмосфера е современа: со употреба на рустикален дабов паркет, вертикално поставен бел бор со светла завршна обработка. Поцрнетиот челичен камин командува со дневната соба, додека гранитниот камен совршено ги следи дури и најситните детали што го издвојуваат овој дом од сличните обиди за мешање на овие два стила.
Интересно е да се спомене дека секој член од семејството сакал во ентериерот да уфрли нешто свое, односно најличните преференци и желби кои станале оригинални елементи – како дрвена врата од шталата или седишта лоцирани веднаш до големиот прозорец во спалната соба. Останатите детали се развиени со намера да поддржат модерен простор и планинско опкружување.
Екстериерот од сиво-црно обоено дрво и темно-сивиот метален кров убаво се вклопуваат со бојата на дрвјата на оваа речна долина.