Насловна / Арт и дизајн / Пораката на Марина Абрамовиќ во ново руво во Фиренца: We’re all in the same boat

Пораката на Марина Абрамовиќ во ново руво во Фиренца: We’re all in the same boat

Плакатот кој Марина Абрамовиќ  го изработи за 50-тото издание на регатата во Трст во 2018 година, а на кој таа носи знаме со натпис: We’re all in the same boat, неодамна е препакуван со цел подигање на свеста за пандемијата. Имено, една млада уметничка од Италија, Микела Карлота Тумиати, ја презела истата порака и ја претворила во плакатот под името „Лима“. Плакатот е поставени низ ѕидовите на Фиренца, и во екот на оваа хуманитарна катастрофа добива нова смисла и моќ.

Во интервјуто за италијанскиот часопис Art Tribune,  Тумиати објаснува дека овој плакат на Абрамовиќ е денес поактуелен од било кога. Со своето дело, Тумиати освен што и оддава признание на работата на Абрамовиќ, го збогатува делото со ште едно ново значење. Во позадина е прикажан знакот на Меѓународниот кодекс на помосрските сигнали, кој се вика „Лима“. Кога во пристанишштето ќе с еистакне овој знак, тоа покажува дека бродот е во карантин. Со оваа порака, Тумиати укажува на потребата да бидеме свесни за заедничкиот проблем кој ни покажа дека сите сме подеднакво ранливи.

abramovic1

abramovic2

Испрати коментар

Scroll To Top