Насловна / Екологија / Поради загадувањето ограничен сообраќајот во Париз

Поради загадувањето ограничен сообраќајот во Париз

FRANCE-ENVIRONMENT-POLLUTION
Поради зголеменото ниво на загадување на воздухот во Париз, воведено е ограничување на сообраќајот по системот пар-непар. Оваа мерка за првпат е воведена во 1997 година, со цел да се заштитат граѓаните од негативните последици од загадувањето. Според првите извештаи, возачите во Париз добро ја прифатиле новонастанатата состојба, која пак од друга страна е сериозно критикувана од опозицијата.

Ваквите мерки воопшто не се реткост во Европа, а пример е Италија во чии градови исто така  повремено се применува. Ограничувањето не важи за возилата што превезуваат повеќе од тројца патници, авто школите, такси возилата, како и електричните и хибридните автомобили. Освен наизменичното возење, последните неколку денови воведена е и дополнителна мерка на намалување на дозволените брзини за 10 или 20 km/h во зависност од видот на сообраќајницата.

Извор: EurActiv

Испрати коментар

Scroll To Top