Насловна / Вести / Поради временските катастрофи интерно раселени повеќе од 43 милиони деца

Поради временските катастрофи интерно раселени повеќе од 43 милиони деца

Според анализата на УНИЦЕФ, од 2016 до 2021 година, поради временски непогоди, повеќе од 43 милиони деца се интерно раселени во 44 земји. Деца раселени во климата што се менува е првата глобална анализа за бројот на раселени деца поради поплави, бури, суши и шумски пожари и ги разгледува проекциите за следните 30 години.

к2

Поплавите и бурите се причина за 95 отсто од регистрираното раселување на децата меѓу 2016 и 2021 година. Во меѓувреме, сушите предизвикале повеќе од 1,3 милиони деца да бидат интерно раселени.

к3

Сомалија повторно е меѓу најзагрозените, додека шумските пожари предизвикаа 810.000 раселувања на деца, а повеќе од една третина се случија само во 2020 година. Најмногу забележаа Канада, Израел и САД.

Одлуките за селидба може да бидат принудени и ненадејни во услови на катастрофа, или како резултат на превентивна евакуација, каде што може да се спасат животи, но многу деца сè уште се соочуваат со опасностите и предизвиците што доаѓаат кога се раселените од своите домови, често на долги периоди.

к1

„За оние кои се принудени да побегнат, стравот може да биде особено разорен, со грижата дали ќе се вратат дома, ќе продолжат со училиште или ќе бидат принудени повторно да се селат. Преселувањето можеби им ги спасило животите, но тоа е многу вознемирувачко. Како што влијаниата на климатските промени ќе се зајакнуваат, така ќе растат и раселувањата. Имаме алатки и знаење за да одговориме на овој растечки предизвик за децата, но дејствуваме премногу бавно. Мораме да ги засилиме напорите за да ги подготвиме заедниците, да ги заштитиме децата изложени на ризик од раселување и да ги поддржиме веќе раселените“, вели извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел.

к4

Децата се особено изложени на ризик од раселување во земји кои веќе се борат со кризи како што се конфликти и сиромаштија, каде што локалниот капацитет да се справи со секое дополнително раселување на децата е недоволен.

Додека лидерите се подготвуваат да се сретнат на Самитот за климатски промени COP 28 во Дубаи во ноември, УНИЦЕФ ги повикува владите, донаторите, партнерите за развој и приватниот сектор да преземат мерки и акции за да ги заштитат децата и младите луѓе кои се во опасност од раселување и ги подготват за климатска иднина која веќе е започната.

Испрати коментар

Scroll To Top