Насловна / Вести / Поради суша застој во Панамскиот канал, се чека 21 ден за поминување

Поради суша застој во Панамскиот канал, се чека 21 ден за поминување

За да се помине низ Панамскиот канал, еден од крвотоците на светската трговија, во моментов се потребни 21 ден, а поради сушата ситуацијата ќе биде се полоша.

Дури 154 големи прекуокеански бродови чекаат да поминат меѓу Северна и Јужна Америка, а сообраќаен метеж е создаден како резултат на големите суши кои ја погодија областа.

p1

Низ каналот, кој беше повторно отворен во 2016 година по реновирањето, поминува стока во вредност од околу 270 милијарди долари.

„Огромната гужва е предизвикана од нискиот водостој. Намалена е достапноста на места за пловилата „панамакс“ – најголемите бродови што можат да поминат низ каналот, кои имаат капацитет од 4.500 контејнерски места. Во вообичаени услови дневно може да поминуваат 23 вакви бродови, но поради сушата бројката е намалена на 14“, наведува Си-Ен-Би-Си.

p3

Не само што се намалени резервираните места за минување низ каналот, туку надлежните издадоа и ограничување на тежината – 40 отсто помалку од вообичаеното, поради што капетаните на супертанкерите сега се во неволја.

Сушата која трае веќе неколку години остави без вода неколку езера кои го снабдуваат каналот.

Испрати коментар

Scroll To Top