Поради опасност од ширење на коронавирусот, од вчера е затворен најпрочуениот француски музеј, Лувр.
„Загрижени сме зато што посетителите доаѓаат од сите делови на светот. Ризикикот е мошне голем,“ рекол за АП Андре Сакристин, претставник на синдикатот на 2.300 вработени во Лувр.
Француската влада ги забрани сите собири во затворен простор на кои би можеле да се собреат повеќе од 5.000 луѓе.
Сакристин изјавил дека одлуката за затворање на музејот е донесена поради опасноста вработените да бидат заразени, бидејќи во Лувр дневно доаѓаат десетици илјади посетители.