Насловна / Вести / Поради пожарите во Бразил, H&M ги запре набавките на кожа од оваа земја

Поради пожарите во Бразил, H&M ги запре набавките на кожа од оваа земја

Шведскиот ланец продавници за облека  Henes & Mauric (H&M) ги запре набавките на кожа од Бразил, поради пожарите во таа земја. Пожарите од огромни размери какви во Амазонија  не се забележани во последните години, го свртеа вниманието на светската јавност. Од почетокот на 2019 година во Бразил (не само во Амазонија) забележани се 75.000 пожари, што е за 85% повеќе отколку во истиот период лани.

„Поради страшните пожари во бразилскиот дел на Амазонската прашума и нивната поврзаност со сточарското производство, решивме привремено да ги запреме набавките на кожа од Бразил“ велат од шведската компанија. Тие додаваат дека ќе останат на овој став се додека не добијат цврсти докази дека производството на кожа нема да и штети на животната средина во Бразил. Портпаролот на  H&M истакнува дека поголемиот дел од потребите за кожа ги набавуваат во Европа, и додава дека оваа рестрикција нема сериозно да влијае врз нивното работење.

H&M1

H&M2

Испрати коментар

Scroll To Top