Смогот ја стави Индија под опсада, а со оглед дека загадувањето на воздухот има еднаков однос кон сите, не е поштедена ниту познатат туризтичка атракција и надалеку познатиот симбол на вечната љубов Таџ Махал. Мавзолејот затоа добил два посебни прочистувачи на воздухот. Во близината на Таџ Махал, една приватна компанија поставила две мобилни станици за прочистување на воздухот, сместени во комби возила. Пробниот период за овие уреди ќе трае десет дена, но градските власти се обидуваат да договорат продолжување на овој рок. Токму во нивна надлежност е и прашањето акко овие станици ќе бидат распоредени и користени на територијата на градот. Одборот за контрола на загадувањето во индиската сојузна држава Утар Прадеш истакнува дека секое комби возило во текот на осум часови може да прочисти дури 1,5 милиони кубни метри воздух. Меѓутоа, овој податок, поради недостаток на сензори на прочистувачите, не е можно да се потврди, па останува непознато дали е реален или е изнесен само заради промотивни цели.