Насловна / Вести / Поради недостаток на работна сила, германските градови бараат студенти за возење на трамваи

Поради недостаток на работна сила, германските градови бараат студенти за возење на трамваи

Притиснати со сериозен недостаток на работна сила, компаниите за јавен превоз во Германија, мораа да пронајдат нови извори со цел одржување на работата на своите линии. Еден од начините кој сега се спроведува е обука и ангажирање на студети како возачи на трамваи. По завршувањето на обуката, тие ќе бидат ангажирани во времето вон наставата и до максимални 20 часа неделно. Условот е да се поседува возачка дозвола и возраст над 21 година. Обуката е забрзана и трае четири недели, а се одржува исто така во периодот вон обврсите на факултетите. Недостатокот на работна сила во Германија е проблем во речиси сите сектори.

1_52

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top