Насловна / Вести / Поради коронавирусот импровизирани болници низ светот – од шатори до брод

Поради коронавирусот импровизирани болници низ светот – од шатори до брод

Вонредните мерки поради коронавирусот бараат брзи и превентивни решенија. Голем број земји во светот не можат да направат болници во рекорден рок по примерот на Кина, но затоа можат од постоечките објекти да ги искористат нивните најдобри карактеристики и ги претворат во современи центри за сместување, опремени со медицинска опрема за заразените со вирусот.

Многу земји веќе ги искористја постоечките простори и брзо ги пренаменија во импровизирани болници за да не се мешаат заразените пациенти со коронавирус со останатите и така се намали можноста од ширење на заразата. Некои наместо пренамена на објектите одлучија да постават шатори пред болниците, а некои дури и да донесат бродови, како што направија Соединетите Држави.

Мадрид, Шпанија

Состојбата во Шпанија е многу тешка, голем е бројот на заразени и починати. Конференцискиот центар IFEMA пренаменет е во воена болница со 5.500 кревети, бидејќи клиниките се соочуваат со недостаток на простор, медицински кадар и материјал.

madrid

По бројот на кревети оваа импровизирана болница е најголема во Европа. Во неа секојдневно се сместува голем бран од луѓе. Од 5.500 кревети, 500 места се осигурани за оние со најтешка клиничка слика.

Иран

Иранската војска за само 48 часа постави три единици и неколку одделенија за изолација наменети за заразените. Овде се сместуваат оние со поблаги симптоми и се изолираат за да не се шири заразата.

iran1

Лондон, Англија

И во Британија одлучија да пренаменуваат објекти. Се работи на пренаменување на изложбениот центар „Ексел комплекс„ во Лондон. Во комплексот со површина од 100.000 квадратни метри ќе се постават 4.000 кревети. Болницата би требало да ги прими првите пациенти идната недела. Долга е е еден километар и ќе има две мртовечници.

Британскиот генерал Џен Грос истакнал дека проторот ќе обезбедува основни потреби: „Екесел е голем отворен простор со струја, осветлување и вода, санитарии и добра пристапност, но и можност за изолација“.

exel

Виена, Австрија

Халата А, станала простор за речиси 900 кревети, веќе се спремни 880 кревети за заразените со коронавирусот.

Градоначалникот Мајкл Лудвиг нагласува дека ова не е замена за болница, туку место на кое ќе биде достапна брза нега. Војската веќе помогнала да се сместат 200 пациенти.

viena

Франција

Во посебни и за оваа цел опремени возови Франција болните ќе ги превезува на запад на земјата. Во возовите има медицински инструменти наменети за пациентите. Со возови од Стразбур кон Лоара ќе бидета превезени сите заразени со вирусот. Во кабина ќе се сместуваат четири пациенти. Владата вели дека доколку се покаже потреба ќе се организираат поголем број возила.

Прва импровизирана болница изградена е во Милуз, може да прими привремено 30 пациенти за да се растераетат болниците.

france

Белград, Србија

Халата 1 на белградскиот саем веќе ги прими првите пациенти. Тука се сместуваат заразените со лесна клиничка слика за да се спречи ширрењето на вирусот. Капацитетот е 3.000 кревети, овозможен е пристап до брза Wi-Fi мрежа, импровизирани тоалети и тушеви. Просторот е поделен во помали целини со преградни ѕидови, за да се овозможи интимност, а поставени се и телевизори. Оние кои престојуваат на располагање имаат билијар, маси за играње фудбал, голем екран, многу книги и списанија.

За повозрасните деца предвидене е дел со плеј стејшн, а за малите деца кои одат во градинка, мал мебел и прибор за цртање.

bg

Хрватска

За помалку од 72 часа, 200 хрватски војници пред загребската болница Дубрава подигнаа самоодржлив експедициски камп за сместување на болните од коронавирус. Станува збор за 25 шатори со капацитет 220 кревети.

Храната ќе се спрема на самото место, три пати во тек на денот. Луѓето кои ќе бидат сместени ќе можат да користат бања и ќе имаат пристап за перење веш.

hrvatska

Њујорк, САД

Воени брод-болница со 1.000 кревети стигна во њујоршкото пристаниште за да им помогне на болниците соочени со голем број заболени од коронавирусот.

Франс прес јавува дека бродот има 12 операциони сали и 1.200 болничари.

На овој брод-болница ќе бидат пациенти на кои им е потребна интензивна нега, а не се заболени од коронавирус.

Целта е останатите болници да се концентрираат на заболените од коронавирус.

amerika

Скопје

Поставувањето на „Мобилната полска болница“ пред Инфективната клиника во Скопје, кое започна пред седум дена е при крај. Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Оваа болница ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети. Капацитетот е 130 кревети. Сегашниот капацитет на клиниката е 110 легла. Надчежните сметаат сосем доволен и може да се направи и добар распоред согласно клиничката слика на пациентите.

sk

Испрати коментар

Scroll To Top