Насловна / Вести / Поради коронавирусот „гробишта на крузери“ во Турција (видео)

Поради коронавирусот „гробишта на крузери“ во Турција (видео)

Од далеку гледано би можело да се заклучи дека се случила страшна поморска трагедија во која пет огромни крузери се насукале во турското пристаниште Алиага. И, вистината е, никој од крузерите повеќе нема да исплови од пристаништето, но не поради некој бродолом, туку затоа што луксузни бродови за крстарење доаѓаат тука да умрат.

1_resize

Некогаш вредни стотици милиони долари секој, “Carnival Imagination”, “Carnival Inspiration”, “Carnival Fantasy”, “Royal Caribbean’s Monarch of the Seas” и “Sovereign of the Seas” се продадени во старо железо.

2_resize

Ерсин Каптан, генерален директор на Здружението на бродски рециклери на Турција, за австралискиот портал 7news вели дека главната причина зошто скоро ништо од овие бродови нема да остане е пандемијата на коронавирусот.

„Секој пат кога ќе се случи криза во индустријата за поморски туризам, ние имаме многу работа“, вели Каптан.

3_resize

Рециклерите од Алиага се на добар пат да го забележат најдобриот бизнис откако грчката поморска индустрија пропадна за време на Светската финансиска криза во 2008 година.

Овој пат бродовите од сите делови на светот се празнат и се испраќаат во Турција. Само во ова пристаниште очекуваат годинава да бидат собрани еден милион тони метал.

Бродовите пристигнуваат како тукушто да ја завршиле турата, некои со комплетен мебел и ентериер, но без богати патници, кои беа принудени да се симнат кога започна пандемијата.

Скоро 98 отсто од бродовите можат да се рециклираат. Остатокот се продаваат.

Во моментов, повеќето бродови кои се наоѓаат во Алиага пензионирани се 15 години порано од планираното.

4_resize

Корпорацијата „Карнивал“, чии три брода се наоѓаат во турското пристаниште, продава околу 20 отсто од својата флота и го користи периодот за време на пандемијата за замена на помалку ефикасните бродови, пренесува 7news.

Пред неколку месеци, индустријата за крстарење беше еден од најбрзо растечките туристички сектори, вреден повеќе од 200 милијарди долари.

6_resize

Но, бродовите ширум светот принудени се да заминат во еден вид хибернација кога избувна пандемија на коронавирусот, чии едни од најлошите зарази беа забележани на крузерите.

Сега овие бродови се во рацете на 1.300 работници, кои педантно ги расклопуваат, дел по дел.

За секој крузер ќе бидат потребни околу осум месеци за целосно да биде рециклиран.

Испрати коментар

Scroll To Top