Насловна / Вести / Поради климатските промени, почести и поизразени турбуленции при авионските летови

Поради климатските промени, почести и поизразени турбуленции при авионските летови

Според заклучоците од едно ново истражување, турбуленциите се почеста појава при авионските летови. Климатските промени се посочуваат како одговорни за тоа, при што посебно е влошена состојбата со еден вид на турбленција која се формира на небо без облаци и која се нарекува „турбуленција на чистиот воздух“. Се предупредува дека овој проблем ќе станува поизразен со покачувањето на глобалното затоплување.  Тешката турбуленција на чистиот воздух (CAT), веќе станува почеста, се истакнува во истражувањето објевено во часописот Geophysical Research Letters. На стандардната рута над северниот Атлантик, дошло до зголемување на турбуленцијата на чистиот воздух од 55%,  во периодот од 1979 до 2020 година. Додека зголемувањето на турбуленциите било најизразено над САД и северниот Атлантик, истражувањето исто така открило значително поголеми турбуленции долж популарните рути над Европа, Блискиот исток, јужен Атлантик и источен Пацифик.

turbulence1

„После децении истражувања кои покажуваат дека климатските промени во иднина ќе ги интензивираат турбуленциите на чистиот воздух, сега имаме докази кои укажуваат дека тој процес е веќе започнат. Авиокомпаниите мора да почнат да размислуваат за тоа како ќе се носат со овој проблем“, рекол Paul Williams, коавтор на истражувањето и научник од Универзитетот Reading. Турбуленциите веќе ги чинат американските авиокомпании стотици милиони долари годишно поради повреди на патниците, доцнење на летовите, оштетувања на авионите, а секоја дополнителна минута на летање во услови на турбуленции ги зголемува тие ризици.

turbulence2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top