Глобалното затоплување од максимално два степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период, меѓународно се смета за прифатлива граница над која ризикот од климатските промени станува неприфатливо висок. Судејќи според оваа граница, неодамна спроведеното истражување покажува дека 88% од резервите на јаглен, 35% од докажаните резерви на нафта како и 52% од докажаните резерви на гас, вклучувајќи ги и сите резерви под арктичкиот мраз, воопшто не би смеело да се екплоатираат. Авторите на истражувањето, тимот на University College од Лондон, користеле комплексна методологија за да покажат колку фосилни горива мора да останат неискористени во 11 регии. Според нив, САД и Русија имаат да искористат само уште 5% од сопствените резерви на фосилни горива до критичната граница, додека 94% од европските резерви на гас би можеле да се користат.