Насловна / Вести / Поради глобалното затоплување Големиот корален гребен во Австралија станува бел

Поради глобалното затоплување Големиот корален гребен во Австралија станува бел

CORAL COVER STUDY GREAT BARRIER REEF

Стручњаците од Универзитетот James Cook (JCU), велат дека станува збор за најекстремен случај на масовно белење забележано во светското културно наследство. Избелувањето се јавува кога топлата вода предизвикува „слабеење“ на коралите и исчезнување на шарените алги кои обезбедуваат кислород.

coralbleaching

Причина за оваа појава е глобалното затоплување односно климатските промени. „Откривме дека во просек 35% од коралите се изумрени“ вели професорот Terry Hughes, раководител на центарот за испитување на корали при JCU.  „Ова е веќе трет пат во 18 години, Големиот корален гребен да биде жртва на оваа појава, но актуелните случувања се многу поекстремни од поранешните“, додава професорот.

Koralen greben3

Научниците соопштуваат дека се очекува опоравување на коралите за повеќе од 10 години. Студијата на научниците од споменатиот Универзитет е неодамна објавена, а резултат е на повеќемесечни истражувања.

GREAT BARRIER REEF CLIMATE CHANGE REPORT

Избелувањето на коралите е предизвикано од покачувањето на просечните температури на водата.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top