Насловна / Вести / Поради една изјава на Илон Маск, вредноста на „Тесла“ падна за 50 милијарди долари

Поради една изјава на Илон Маск, вредноста на „Тесла“ падна за 50 милијарди долари

Инвеститорите ја соборија пазарната вредност на „Тесла“ за 50 милијарди долари, откако извршниот директор на компанијата, Илон Маск, изјави дека радикалното намалување на цената на автономните електрични возила на 25.000 долари ќе биде можно дури за три години.

Пазарната капитализација на „Тесла“  падна за 20 милијарди долари за само два часа, бидејќи Маск и другите директори го претставија планот за нова батерија и своите производствени стратегии, пренесува Ројтерс.

ил2_resize

Акциите паднаа за 5,6 проценти при затворањето на берзата, а по работното време ја зголемија загубата за дополнителни 6,9 проценти.

Инвеститорите очекуваа две значајни најави на честопати рекламираниот „Ден на батеријата“ на Маск – развој на батерија за возење од милион милји, која ќе трае десет и повеќе години, и конкретни податоци за намалување на трошоците, врз основа на кои цената на електричните возила би била пониска од цената на автомобил на бензин.

il_resize

Наместо тоа, тој вети дека во текот на наредните неколку години ќе ги намали на половина трошоците за производство на батерии со нова технологија и производен процес и ќе испорача „поволен“ електричен автомобил.

„За три години, можеме да направиме автомобил од 25.000 американски долари што во основа ќе биде можеби малку подобар од споредлив автомобил на бензин“, рече Маск.

Сепак, тој призна дека „Тесла“ нема целовит сопствен амбициозен нов дизајн на возила и батерии и разработени процеси на производство, пренесува агенцијата.

Испрати коментар

Scroll To Top