Насловна / Вести / Популацијата на ајкули се намалила за 71 отсто

Популацијата на ајкули се намалила за 71 отсто

Огромниот пораст на риболовот од 1970 година го опустошил изобилството на ајкули и ражи во светските океани, при што некои досега широко распространети видови се соочуваат со истребување. Според извештајот на тим на научници од целиот свет бројот на ајкули и ражи ширум светот опаднал за 71 отсто од 1970 година.

ajkula

Дваесет и четири од 31 океански вид на ајкули и ражи сега се наоѓаат на листата на загрозени или критично загрозени животни, вели Меѓународната унија за заштита на природата.

ajkula1

“И покрај тоа што се оддалечени од копно од повеќето други видови сепак ајкулите и ражите се изложени на исклучително висок ризик од истребување и тоа многу повеќе од просечната птица, цицач или жаба“, вели Николас Далви, професор на Универзитетот „Симон Фрејзер“.

ajkula2

Испрати коментар

Scroll To Top