Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Попова Кула прераснува во соларен парк

Попова Кула прераснува во соларен парк

great-gutton
На 21 градежна парцела во индустриската зона Попова Kула кај Демир Kапија, кои беа продадени по пат на електронско јавно наддавање, никнаа фотоволтаични централи, кои започнаа со производство и дистрибуција на електрична енергија од сончевата енергија.
– Големата заинтересираност за изградба на овие централи токму на овој простор се должи на поволните климатски услови, односно на големиот број сончеви денови и интензитетот на сончевото зрачење – велат од локалната самоуправа на Демир Kапија. Оттаму додаваат дека во градежните парцели инвестирале компании од цела Македонија, а на секоја од нив е инсталиран капацитет од 50 kW.
Робин Бојчевски од Скопје е управител на фирмата што врши инсталација на овие централи и нагласува дека се работи, всушност, за цела индустриска зона, во која има најголема концентрација на вакви централи на едно место не само во Македонија туку и пошироко на Балканот.

Испрати коментар

Scroll To Top