Екипи ангажирани од општината Аеродром деновиве работат на поплочување на патеките меѓу зградите кај градинката „Лале“. Kако што информираат надлежните од локалната самоуправа, вдлабнатините и нерамнините на патеките долго време им задавале проблеми на граѓаните, особено при секој пороен дожд кога се поплавувале од насобраната вода.
Според општинарите, набрзо плочникот ќе добие нов лик и сето тоа ќе биде минато.