Според податоците на будимпештанската берза HUPX, цената на електричната енергија во понеделникот двојно се зголемила во однос на цената од неделата, и на просечната цена во изминатите месеци. Се работи за аранжманите за ден однапред. Во неделата цената за 1 MWh базна електрична енергија за ден однапред изнесувала 25,38 евра, за да во рок од 24 часа достигне 51,96 евра. Најголем фактор кој придонел за раст на цената на електричната енергија се поплавите во Србија, кои го нарушија работењето на трите најголеми термоцентрали во државата: термоцентралите во Обреновац, Свилајнац и Колубара.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Поплавите во регионот двојно ја поскапеа електричната енергија на берзите