Насловна / Архитектура / Pop Up House создава континуитет на движење и доживување на просторот

Pop Up House создава континуитет на движење и доживување на просторот

Семејна куќа на кат изградена на тесна парцела, така што надворешните и внатрешните простори остануваат поврзани, со својата необична форма, подвижните капаци и начинот на користење на дворот, внела значителни промени и динамика во традиционалното опкруживање.

aaa

Изградена во предградијата на австралискиот град Есендон, на тесна парцела, Pop Up House е драматична трансформација на очекуваното решение на семејна куќа, проектирана од архитектите од FIGR Architecture Studio од Мелбурн.

00 (1)

Во обид да се спротивстави на вообичаената, наследена форма на семејните куќи во околината, кои се стремат кон што е можно поголем изграден простор и едноставни улични фасади, создадена е оваа впечатлива куќа која на карактеристичен начин ги поврзува јавното и приватниот, како и надворешните и внатрешните простори.

01 (1)

Приоритет во развојот на концептот бил да се создаде дом за клиентите кој ќе се развива и расте заедно со нивното семејство, приспособувајќи се на различните барања во секоја фаза. Исто така, почетната точка била и визијата дека нивниот нов дом треба да се вклучи во контекст надвор од границите на парцелата, создавајќи визуелно привлечна отворена средина каде што соседите и пријателите можат да бидат дел од неформалните собири.

010

Повеќето новите куќи во населбата се изградени до границите на локацијата, но FIGR се одлучиле за поинаква стратегија, создавајќи отворена, пропусна фасада кон улицата и активирање на предниот дел на парцелата, со повикување на социјална интеракција во рамки на она што обично е статична и недоволно искористена зона. Во исто време, подвижните капаци овозможуваат градација на приватноста во целиот дом, одговарајќи на потребата за приватност во сè погустата средина.

Додека горниот кат од куќата може да се затвори или отвори кон сонцето, приземјето ги поканува посетителите под и во центарот на куќата. Се чини дека горниот волумен лебди над уредениот отворен простор, поплочен со рециклирани тули и ограничен со соседните ѕидови.

1 (1)

Овој простор исто така служи како настрешница за автомобили или како продолжение на неформалниот простор за забава. Продолжувајќи понатаму, поплочувањето од тули отстапува место на зеленилото, вклучувајќи и јапонски јавор во внатрешниот двор, додека од лева страна се отвора просторот со двојна висина, кој поминува низ центарот на куќата. Прошараната светлина што се пробива низ листовите од јаворот и челичната мрежа паѓа на просторот за седење покрај прозорец обложен со дрво, што создава граница помеѓу надвор и внатре.

7

Иако се уште технички надвор, оваа серија на простори дава чувство на приватност и заштитеност. Беспрекорната врска од предната улица, низ покриениот простор, до просторот за живеење и до задниот двор создава континуитет на движење и доживување на просторот.

6

9

4

02

8 11 12

Испрати коментар

Scroll To Top