Американското студио за ентериери Jessica Helgerson го уреди овој прекрасен стан во Форт Грин, во предградие на Бруклин. Станот е во сопственост на еден млад пар кој го сака поп-артот, живописните бои и модерниот дизајн.
Боите во ентериерот се комбинирани со детали од дрво и керамика, и така е постигнат совршен баланс на боите.
Црвено-белите полици во трпезаријата совршено се вклопени со vintage на тиркизните столици од Paul McCobb. Интересен детаљ е дефинитивно црниот лустер од David Weeks.
Во пространата дневна соба, која има пристап до градината, се наоѓа голема седечка гарнитура преслечена со перуански ќебиња. Совршениот контраст е постигнат со темносивата боја, со која е насликан цел еден ѕид. Истиот дизајн продолжува и во спалната соба, која е украсена со геометриски форми кои висат од таванот.