Насловна / Вести / Понудата на нафта е најмала во последните десет години, цената расте

Понудата на нафта е најмала во последните десет години, цената расте

Меѓународната агенција за енергетика предупредува дека понудата на нафта е најмала во последните десет години. ОПЕК не се откажува од намалувањето на производството, а Русија најавува и забрана за извоз на нафтени деривати. Цената на барелот е на највисоко ниво од почетокот на годината – надминува 95 долари.

Анализите предупредуваат, побарувачката расте, а во некои делови од светот залихите на сирова нафта веќе паѓаат. Загрижувачки е и тоа што некои рафинерии во Европа веќе не произведуваат доволно дизел, што се одразува не само на малопродажните цени на дериватите, туку влијае и на намалување на активностите во градежништвото, транспортот и земјоделството.

n

Во Европа има тивок недостиг на дизел гориво, што е всушност постојан недостиг и Европа сега увезува нафтени деривати од Индија, Азија и други земји, а не од Русија и тоа влијае на пазарот.

Меѓународната агенција за енергетика предупредува на пазарна нестабилност, за што придонесуваат и берзанските шпекуланти кои дополнително ги зголемуваат цените на црното злато.

Покрај вистинските купувачи, оние кои ќе бидат потрошувачи, има и такви кои се занимаваат со трговија со нафта, разни хеч фондови, едноставно трговци кои заработуваат од поскапувањата и намалувањата на цената на нафтата.

n1

Прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика и ОПЕК во едено се согласуваат – побарувачката во наредниот период ќе расте.

„Се предвидува дека глобалниот економски раст, кој е во тек, ќе ја поттикне побарувачката на нафта, особено имајќи го предвид закрепнувањето на туризмот, воздушниот сообраќај и постојаната мобилност“, соопштија од ОПЕК.

До крајот на годината на глобалниот пазар ќе му недостасуваат рекордни три милиони барели дневно.

Испрати коментар

Scroll To Top