За вљубените двојки Мостот на уметноста (Pont des Arts) во Париз со години беше незаобиколно место.
Илјадници парови од целиот свет при посетата на овој европски град на оградата од мостот го заклучуваа својот „катанец на љубовта“, а потоа, според обичајот, го фрлаа клучот во реката Сена.
Поради тежината од катанците, лани мостот попушти под товарот и падна дел од оградата, но за среќа никој не беше повреден.
Париската градска управа отстрани речиси еден милион катанци тешки околу 45 тони. Но, она што е фасцинантно е што оградата со катанци е замената со улична уметност.