Насловна / Вести / Пониски трошоците на градежните компании за градба

Пониски трошоците на градежните компании за градба

Gradezni rabotnici1

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последните три месеци од минатата година во однос на тој период 2014 година се пониски за 2,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со третото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,4 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,3 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2,6 проценти, трошоците за материјали се пониски за 4,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,5 отсто.

 

Испрати коментар

Scroll To Top