Насловна / Вести / Пониски продажни цени во градежништвото, очекуваат раководителите на фирмите

Пониски продажни цени во градежништвото, очекуваат раководителите на фирмите

gradiliste

Раководителите на фирмите од градежништвото очекуваат во наредниот период да се намалат продажните цени и да се зголеми бројот на вработени. Имаат поповолни очекувања за вкупните порачки (договори) за градежни работи, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава е зголемен за 0,2 проценти, а за 2,2 проценти споредено со третиот квартал лани.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на второто тримесечје, а поповолна и споредено со третото тримесечје од минатата година. Оценката за сегашната состојба  со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е  поповолна во споредба со претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат: зголемени трошоци за материјали со 21 процент, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18,6 проценти, конкуренција во сопствениот сектор со 14,7 проценти и нема побарувачка со 11,1 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.

 

Испрати коментар

Scroll To Top