Емисиите на јаглероден диоксид од фосилни горива забележуваат пад од 2,5% во земјите од Европската Унија, објавува Eurostat. За споредба, во 2012 емисиите се намалиле за 1,6% во однос на претходната година. Највисоки емисии во 2013 година забележале Германија, Велика Британија и Франција. Прворангираните седум земји генерираат 77% од вкупните емисии во 28-те земји членки. Најголем пад на емисиите е забележан на Кипар (14,7%), во Романија (14,6%) и во Шпанија (12,6%).