Денес (30 јуни) во 19 часот, во Салон 1 во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Понекогаш Тие“ на гевгелиската уметница Гордана ХаџиНиколова Малешев.
На изложбата ќе бидат претставени 14 скулптури од дрво ликови преку кои авторката ги материјализира своите интимни духовни содржини, кои одвреме навреме мора да добијат форма и да го покажат своето постоење.
Гордана Хаџи-Николова Малешев (1976) е виш конзерватор во НУ Музеј Гевгелија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде подоцна и магистрира.
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на друштвата на ликовни уметници на Гевгелија и на Битола. Учествувала на многу меѓународни симпозиуми и ликовни колонии во земјава и странство. Имала изложби во Софија, Москва, Париз, Берлин.
Изложбата ќе трае до 7 јуни.