На 30-ти јуни, Кина свечено ја отвори линијата Шенжен – Жонгшан, нова комбинација од подводен тунел и мостови кои ги поврзуваат двата града. Овој импозантен градежен проект поставил дури 10 светски рекорди, иако тие се со многу специфичен карактер. Устието на Бисерната река во Јужното кинеско море е една од најгусто населените области на светот. Досега патувањето меѓу овие градови било долго и сложено, но овој проект го решава долгогодишниот проблем.
Сообраќајницата долга 24 километри ги спојува градовите со подводен тунел помеѓу два вештачки острови, додека мостовите ги поврзуваат островите со бреговите. Благодарение на осумте ленти и максималната брзина од 100km/h, патувањето кое траело два часа сега е скратено на само 30 минути. Изградбата траела 7 години.
Кинеската глобална телевизиска мрежа CGTN, истакнала дека оваа врска ги поставила следните рекорди:
- Најголем распон на висечки мост со челични носачи кој во целост е на море (1.666m);
- Највисока палуба на мост (91m);
- Највисок навигациски простор за поморски мост
- Најголемо сидро за висечки мост на море
- Најголема брзина на отпорот на ветер ан висечки мост (83,7m/s);
- Најголема челична палуба на мост со асфалт од жешка епоксидна смола (378.800m2);
- Најдолг двонасочен тунел со осум ленти (5.035m);
- Најширок подводен челичен тунел (дo 55,6m);
- Најголема поединечна количина на лиен бетон за челичен тунел (29.000m3);
- Најширок повеќектарно склоплив воден затворач во облик на M за подводен тунел (3m)