Со години, активистите и биолозите укажуваат на итната потреба да се прекинат експериментите со животни и заробеништвото, а владите бараат усвојување построги закони. Еден уметница, по име Жаклин Тред, организираше перформанс пред неколку години, чија цел беше да ги демонстрира експериментите што производителите на козметика ги прават врз животните.
И, како ништо да не е доволно страшно за да се запрат ваквите работи. Редовно читаме за криумчарење, а одвреме навреме има вести за животни кои целиот свој живот го поминале во некакво заробеништво. Една од нив е и Ванилата. 28-годишна женка шимпанзо која до неодамна не видела парче небото, го почувствувала ветрот низ крзното или тревата под нејзините нозе. Причината: од како зане за себе, таа времето го поминувала во кафези и истражувачки центри.
Во 1995 година, таа била префрлена од една институција во Њујорк во заробеништво во Калифорнија, заедно со уште неколку шимпанза. Останува таму до 2019 година, кога била организирана кампања за преселување и Ванила е однесена во засолниште за шимпанза на Флорида. Место каде што повторно се здобила со слобода и можност да живее во својата природна средина.
Вработените решиле да ја документираат нејзината реакција на новото станиште и резултатот бил повеќе од трогателен: Ванилата на почетокот изгледа како да се двоуми, но постариот алфа мажјак и приоѓа и цврсто ја прегрнува за поддршка, а потоа сè било полесно. Дури и да се ужива во прекрасниот поглед на небото, неговите облаци и синило.
Погледнете го изразот на нејзиното лице додека таа ги гледа работите вообичаени за сите нас, оние што неспорно треба да припаѓаат на секој од нас – слобода и природа: