Бројот на новоизградените станови и куќи во второто тромесечје оваа година во Франција повторно е намален и тоа 13,3 отсто на 73.468 на годишно ниво. Од мај до јули оваа година бројот на новоизградените станбени единици во Франција е намален 16 отсто во однос на претходното тромесечје, се наведува во соопштението на француското министерство за градежништво.