На црногорското приморје ова лето прометот на недвижнини ќе биде многу слаб. Новоизградените станбени згради со повеќе спрата уште се празни. Уште месец дена и туристите на црногорското приморје ќе ги заменат градежници. Ќе бидат почнати објекти кои претходно беа почнати, главно станбени, кои летово беа конзервирани. Но, судејќи според бројот на градежните дозволи кои општина Будва ги издаде на инвеститорите во последно време, на есен ќе бидат почнати и многу нови објекти. Покрај патиштата и парковите ќе се градат станбени објекти и објекти за пазарот. Но, за многу станови во новите убави згради, кои најмногу се на будванската ривиера, интересот е слаб. Летово се продадени малку станови, пишува Вечерњи новости.