Насловна / Арт и дизајн / Полскиот графички дизајнер Игор Морски

Полскиот графички дизајнер Игор Морски

Игор Морски е полски графички дизајнер, илустратор и сценограф. Во моментов, тој се фокусира на графичка уметност со мешовити медиуми, базирана на манипулација со фотографии, цртање, а неодамна и 3Д.

4

Дипломирал на Факултетот за внатрешна архитектура и индустриски дизајн на Државната виша школа за ликовни уметности во Познан (денес Универзитет за уметности). Во доцните 80-ти и раните 90-ти, работел за Полската телевизија, создавајќи сценографија за ТВ театар, култура и разни емисии.

2

Во 90-тите години, уметникот се занимава со илустрации во печатот, работејќи за водечки полски списанија.

Добитник е на многу престижни награди, вклучително и на Communication Arts Excellence Award (2008., 2010.) i Applied Arts Award (2010.).

06

Игор Морски е косопственик на студиото за графички дизајн Morski Studio Graficzne. Неговата рекламна уметност меѓудругите ја нарачале и Saatchi & Saatchi Singapore, Saatchi & Saatchi Sydney и Abelson Taylor.

3

Неговите слики често се споредуваат со големиот гениј Салвадор Дали. Тој објаснува како неговата работа во списанието Wprost сосема случајно го довела до надреализам.

05

„Впечатоците на луѓето се одлични бидејќи многумина не се запознаени со фотошоп и многу илустрации се сфатени буквално, како тоа што е прикажано на нив да е навистина точно. Ова особено важи за фотомонтажите со политичари. Работев многу на фотографски материјали, па се појави во моите дела реализам, но самите илустрации покажуваат сè наопаку, па тоа ги прави надреални“, објаснува Морски.

03

Делата на полскиот мајстор се непредвидливи, мистериозни, возбудливи, предизвикуваат живописен емоционален одек, а на места се луди. Како и секој друг надреалист, тој не се обидува да ја прикаже реалноста таква каква што е, туку покажува аспекти кои никогаш нема да ги видиме во животот. Најчесто главниот лик на делата на Морски е човек со сите негови стравови, страсти и недостатоци. Исто така, метафорите на делата на овој надреалист често се однесуваат на моќта.

1 01 04 5

011 010

 

Испрати коментар

Scroll To Top