Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Полскиот град Киселице – 100% на обновливи извори на енергија

Полскиот град Киселице – 100% на обновливи извори на енергија

original_PLM_2039
Малиот полски град Киселице во кој живеат 2.300 жители, неодамна ја доби наградата ManagEnergy 2014 од Европската Унија во категоријата одржливост. Имено, на овој град му успеало целокупните свои потреби од енергија да ги обезбедува од обновливи извори. Ова е големо достигнување со оглед на опкружувањето, односно фактот што во Полска 90% од енергијата се произведува од јаглен.

Градот Киселице е опкружен со пространи земјоделски површини на кои се сместени два ветерни парка со 48 турбини, односно со вкупен капацитет од 82 MW. Централната топлификациона мрежа е изградена со помош на донации, а како топлински извор се користи биомаса т.е. слама од околните фарми. Во декември 2013-та е изградена и првата биогасна централа која има капацитет од 1 MW топлинска и 1 MW електрична енергија.

IMG_0776Проектот на градската управа за енергетска независност се базира на следните основни начела: користење на локалните капацитети, намалување на емисијата на јаглерод диоксид и развој на локалната економија. За да се поттикнат овие промени кон енергетска независност, на сопсвениците на земјоделското земјиште каде што се подигнати ветерниците им се исплаќа по 5.000 евра по ветрогенератор на годишно ниво. Сламата што се користи како гориво во биопостројките, исто така се откупува од локалното население.

Иако Полска треба да помине долг и тежок пат за да го намали учеството на јагленот во производството на електрична енергија, овој град секако треба да претставува инспирација и пример за многумина.fot.39. panorama miasta kisielice-w centrum widoczna wieża ciśnień, w tle farma elektrowni wiatrowych

Испрати коментар

Scroll To Top