Filip Jedrzejek и Dominik Grybos од Академијата за рударство и металургија во Краков, осмислиле необичен инструмент за борба со високата стапка на загадување на воздухот во Полска. Станува збор за звучен топ кој генерира звучни бранови, со помош на кои токсичните честички од смогот се потиснуваат длабоко во атмосферата. „Кога овој топ е во функција половина час до еден час, загаденоста во круг од три километри се намалува за 15-30%“, рекол еден од иноваторите. Нивната цел е да потиснат што поголема концентрација на PM2,5 и PM10 честички. Во тој процес им помага вертикалниот ударен бран, кој настанува при согорување на ацетилен и воздух. За време на работењето, инструментот произведува гласен звук на секои шест секунди, што е засега најголемата позната нус појава од неговото користење. Но, се чини дека граѓаните се поподготвени да го прифатат овој звук, доколку воздухот би бил почист.
Засега научниците процениле дека цената на работењето на еден час е помеѓу 275 и 350 америкaнски долари. Се надеваат дека нивниот инструмент би можел да влезе во комерцијална употреба. Полска е позната како една од земјите со највисоко загадување нa воздухот во ЕУ, а загадувањето е особено сериозно во текот на сезоната на греење.