Насловна / Вести / „Полска школа на плакатот“ во Музеј на град Скопје

„Полска школа на плакатот“ во Музеј на град Скопје

Денес (18 април), во 20 часот, во Музејот на град Скопје, ќе биде отворена изложба на графички дизајн со наслов „Полска школа на плакатот“ (Polska szkola plakatu), на која ќе бидат презентирани различни плакати направени од страна на неколку генерации полски графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност (Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи и Томашевски).полска школа на плакат

Специјален гостин на изложбата ќе биде проф. Лазе Трипков, македонски графички уметник, апсолвент на Академијата за ликовни уметности во Варшава, Полска, во студиото на Лех Мајевски.

Проф. Трипков го дизајнираше плакатот за промоцијата на изложбата. Исто така, Трипков ќе одржи предавање за Полската школа на плакат за време на работилницата за студентите по уметност.

Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде отворена од 18 до 26 април 2016 година.

Потоа плакатите ќе бидат изложени во галерии и музеи во неколку градови низ Република Македонија. Куратор на изложбата е Јасминка Намичева.

Испрати коментар

Scroll To Top