Насловна / Вести / Полска одобри изградба на 24 мали модуларни нуклеарни реактори

Полска одобри изградба на 24 мали модуларни нуклеарни реактори

Полска даде зелено светло за изградба на 24 мали модуларни нуклеарни реактори на шест локации. Од владата порачуваат дека имаат намера постепено да го забрзаат процесот на напуштање на јагленот и да изградат инфраструктура за обновлива и нуклеарна енергија, со цел да се фатат во костец со предизвиците кои се резултат на климатските промени и да обезбедат стабилно снабдување со електрична енергија.

poland1

Рафинеријата Orlen и производителот на хемикалии Synthos, формирале заедничка компанија Orlen Synthos Green Energy (OSGE) која ќе ги постави првите мали нуклеарни реактори до 2030 година. „Полската влада начелно одлучила и одобрила шест локации со 24 најсовремени реактори GE Hitachi BWRX-300 во Полска”, рекол Rafal Kasprow, извршниот директор на новата компанија, на нуклеарниот самит Net Zero, кој се одржа паралелно со климатскиот самит на ОН, COP28 во Дубаи.

poland2

Испрати коментар

Scroll To Top