--> -->
-->
Насловна / Вести / Полска го одобри финансирањето на првата нуклеарна електрана

Полска го одобри финансирањето на првата нуклеарна електрана

Полскиот претседател Анджеј Дуда, го потпишал законот кој предвидува 14,5 милијарди евра за финансирање на првата нуклеарна електрана во земјата. На Варшава и е потребно одобрување од Европската унија за така високо ниво на државна помош, со цел проектот да може да продолжи. Постројката која ја развива државната компанија Polskie Elektrownie Jadrowe, ќе има планиран капацитет за производство на електрична енергија до 3,75 GW. Американската фирма Westinghouse е избрана за партнер во 2022 година. Изградбата на електраната би требало да започне  од 2028 година, со првиот од трите реактори, и да биде целосно оперативна до 2039 година.

Полска сакаше да ги зацврсти комерцијалните односи со американските компании во воениот, безбедносниот и енергетскиот сектор, како начин Вашингтон да се поврзе со оваа земја додека слабее поддршката на САД за НАТО и ЕУ. Владејачката коалиција на премиерот Туск, во септември минатата година одобрила трошење на 4,5 милијарди евра помеѓу 2025 и 2030 година. Со ова би се покриле 30% од вкупно проценетите трошоци на проектот, а остатокот би доаѓал од кредит од финаниските институции. Во ноември минатата година, Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД, потпишала писмо за намера да обезбеди милијарда долари за поддршка на изградбата.

Најголем дел од својата електрична енергија Полска ја обезбедува од јаглен, поточно 57%, што е највисок удел меѓу земјите во ЕУ.

 

Испрати коментар

Scroll To Top