Благодарение на заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 250 милиони евра, компанијата LG Chem ќе гради гигафабрика за литиум-јонски батерии за електрични возила во Вроцлав, во западниот дел на земјата. Вкупната инвестиција во ова фабрика, по завршувањето на сите три фази ан изградба, се проценува на 2,8 милијарди евра. Производниот капацитет на оваа гигафабрика која би требало да започне со работа во 2022 ќе се движи помеѓу 65 и 70 GWh годишно. Тоа ќе и овозможи на фабриката да обезбедува батерии за милион електрични возила годишно (околу 6% од вкупниот пазар на електрични автомобили во Европа)