Истражувањето објавено во списанието Science Advances, прави споредба на старите карти и новите снимки од 1500 шумски предели, со цел проценка на бројот на видови дрвја кои веќе се загубени, и колку од нив ќе изчезнат до крајот на векот. Утврдено е дека Амазонија е живеалиште за околу 15.000 видови, од кои 36-57% можат да се класифицираат како глобално загрозени според критериумите на меѓународната „црвена листа“.
Професорот Карлос Перез од Универзитетот во Норвич, е еден од 158 истражувачи од 21 земја кои работат на студијата. Тој вели дека постојат големи празнини во знаењето за животинските и растителните видови во Амазонија. „Нашите истражувања говорат дека над половина од видовите се соочени со изумирање. За среќа, заштитените подрачја и племенските резервати денес сочинуваат околу половина од Амазонскиот басен. Токму на овие подрачја живее задоволителен број од загрозените видови“, вели Перез.