Насловна / Вести / Половина од плажите во светот ќе исчезнат до 2100 година

Половина од плажите во светот ќе исчезнат до 2100 година

Половина од песочните плажи во светот можат да исчезнат до крајот на векот поради порастот на нивото на морето и другите ефекти на климатски промени. Први на удар ќе бидат Австралија, Канада, Чиле, Мексико, Кина и САД, велат експертите од едно ново истражување.

plazi

Голем дел од плажите, кои сега зафаќаат повеќе од третина од светската морска површина. најверојатно ќе станат остатоци од карпи, како што ќе расте нивото на морето и ќе се менува времето.

“Туристичките места со песочни плажи ќе се соочат со големи последици“, вели поморскиот експерт Микалис Вусдоукас од Истражувачкиот центар на Европската комисија во Испра, Италија.

Песочните плажи се важно живеалиште за широк спектар на животински видови и исто така го штитат брегот од ефектите на бурата.

Порастот на нивото на морињата во изминатите децении се должи на топењето на глечерите и ледените плочи.

plazi1

Научниците процениле дека до 2050 година ќе има загуба од 13,6 до 15,2 отсто од сите плажи, што одговара на загуба на песочни плажи кои се движат од 36.097 до 40.511 километри. До 2100 година, се проценува дека ќе исчезнат од 35,7 до 49,5 проценти од плажите што опфаќаат 95.061 до 131.745 километри на крајбрежјето.

Според последните податоци, Австралија ќе изгуби најголема површина на песочни плажи до 2100 година, околу 14.849 километри.

Испрати коментар

Scroll To Top