Насловна / Вести / Политичките водачи на Светски самит за климатски промени

Политичките водачи на Светски самит за климатски промени

Политичките лидери ги почнаа двонеделните разговори за најважните теми во врска со климатските промени од Парискиот пакт од 2015.

За да се максимизираат шансите за успех, техничките разговори почнаа во недела, еден ден порано од планираното, со делегати од околу 200 земји кои се справуваа околу тоа како да ги спроведат широките ветувања од договорот во Париз за оддалечување од фосилното гориво.

Katovice1

Разговорите во Катовице се сметаат за најважна конференција на ОН од значајниот париски договор, за тоа како да се спроведе акција за ограничување на глобалното затоплување на меѓу 1,5 и 2 степени Целзиусови. Со намалувањето на уделот на фосилните горива треба да се ограничат сѐ почестите климатски екстремности, да се намали растот на нивото на морето и изумирањето на растителните и животинските видови.

Очекувањата за полските разговори се ниски затоа што атмосферата на политичко единство изградена во Париз е разнишана.

Katovice

Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средствата наменти за таа цел во претходните пет години.

“Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, кои несомнено ќе бидат најдраматични во најсиромашните земји“, изјави извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева за време на конференцијата.

Развиените земји се обврзаа да го зголемат финасирањето на проекти за справување со климатските промени во државите во развој за дополнителни 100 милијарди долари до 2020 година.

Претходно, со свој извештај излегоа и научниците на ОН, кои објавија дека до 2040 година просечната температура во светот ќе порасне за 1,5 Целзиусов степен, а според Светската метеоролошка организација глобалните температури до 2100 година ќе пораснат за три до пет Целзиусови степени.

Испрати коментар

Scroll To Top